За проектот

Користењето на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и имплементацијата на мерките за енергетска ефикасност (ЕЕ) во Југоисточна Европа претставува важна можност за преиспитување на енергетскиот менаџмент.

Локалната јавна администрација може да има водечка улога за намалување на влијанието на животната средина, како и подобрување на финансискиот менаџмент во полето на енергетиката. Од овие причини, неопходно е локалната јавна администрација да го подобри своето знаење.

Во однос на ова, преку проектот ENER SUPPLY, ќе биде обезбедена поддршка, која ќе биде со цел да им се помогне на локалните власти на единаесет територии и тоа во три области:

• имплементација на енергетски менаџмент
• планирање на инвестиции за ОИЕ
• промоција на инвестиции за ЕЕ

Проектот ENER SUPPLY, финансиран од Европската програмата за транснационална соработка на земјите од Југоисточна Европа, е резултат на заеднички придонес на 13 партнери од 11 земји од Југоисточна Европа, чиј Водечки партнер е општината Потенза, Италија. Овој проект започна во април, 2009година и ќе заврши во март, 2012 година.

Краен корисник на овој проект ќе биде персоналот од локалната администрација, кој работи на ова поле. Исто така, во проектните активности ќе бидат вклучени и сите засегнати страни кои се заинтересирани за развојот на енергетски „одржливите“ процеси.

BH BG HR
GR HU IT MK
RO RS SK EN